9
апр
2015
Каурма
Пролетна чорба која во определени краеви ја служат како супа за слави.
Убав рецепт, за гурмани.
Убаво се чистат цревцата и кормушките.
Се мијат и вријат неколку пати со сол.
Се чистат, па се сецкаат на парченца по ваша желба.
Така чисти се посолуваат.
На многу малку масло се запржува морковчето иситнето на коцки.
Се додаваат исечканите цревца и кормушки, па се полеваат со вода.
Се вари убаво и се зачинува.
Пред крајот се прави запршка со една главица кромид и 2 лажици брашно.
Оставете да поврие и пред крајот додадете ситно исецкано магдоновче.
На здравје со прекраснава чорба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови