Кремаста бадем торта со вкус на карамел, едноставна , а сепак содржителна и вкусна.

Подготовка на пандишпан
1. Ги матиме јајцата заедно со шеќерот да добијат светло жолта боја и да зголемат волумен.
2. Го додаваме брашното, пецивото и мелените бадеми ама матиме на 1-2 брзина на миксер(од 5). На крајот ја додаваме врелата вода и соединуваме.
3. Во намрсено и набрашнето тавче бр. 26 ја истураме смесата и печеме во загреана рерна на 200 степени. Пробуваме со чепкалка ако е сува печено е.
4. Откако ќе излади ја сечеме на два дела.

Подготовка на фил
1. Половина од млекото го ставаме да почне да врие, а во половината го раствораме прашокот за пудинг.
2. Кога ќе почне да врие млекото ја истураме смесата со прашокот и интензивно мешаме додека да згусне. Го тргаме на страна да се лади.
3. Путерот заедно со шеќерот во прав пенасто го матиме. Ги додаваме жолчките една по една.
4. Во друг сад ги матиме белките заедно со шеќерот да ни станат цврсти.
5. Кон путер смесата го додаваме карамел пудингот, соединуваме, па потоа ги додаваме и белките.
6. Филот го ставаме во фрижидер малку да стегне, па ја филуваме тортата.

Забелешка
Доколку не сакате да ставате живи жолчки во филот можете да ги соедините со прашокот за пудинг и да ги сварите.