Карамел пуканки со цимет и јаворов сируп (посно,веган)
Време е за ужинка! Пуканки, никогаш не одбивам, па уште со кикиритки, цимет, ммм...
Можете да си ги направите со било кои јатки, предлагам кикиритки и бадеми.
Прво ги спремаме пуканките. Е сега сите до некаде знаеме како оди постапката за нивна подготовка па да не губиме време.
Во меѓувреме ги печеме кикиритките околу 10мин па ги лупиме.
Откако ке бидат готови го подготвуваме сирупот.
Во садот за сос на Делимано го ставаме на оган со јаворовиот сируп на дм био само малу да се стопли, го ставаме путерот од кикиритки, солта и циметот тргаме на страна и мешаме додека не добиеме убава смеса.
Ја истураме врз пуканките и кикиритките и мешаме со шпатула.
Во плех обложен со хартија ги префрлуваме пуканките и ги ставаме да се печат околу 6-7мин.
Како што ќе ги оставате да се оладат тие ке стануваат покрцкави што и така и треба. Кога ќе се готови или искршете си ги или оставајте ги цели ваша желба
Забелешка
Ќе ви го објаснам мојот начин на подготовка на пуканка.
Во тенџерче ставаме масло и ставаме на оган со капак да се загрее но внатре ставете 2-3 зрна пченка.
Кога ке пукнат, тргнете од оган, ставете повеќе зрна и оставете така 1мин. потоа вратете на оган. ке добиете вистинска, бела пуканка.
и секако, посипете ги со мноогу цимет
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови