Викенд!
Време е за опуштање со добри грицки....
1. Пченката за пуканки испукајте ја во поголемо тенџере со неколку лажици масло или во апарат за пуканки. Во оригиналниот рецепт експлицитно беше наведено дека не треба да се користат пуканки за во микробранова.
2. Во подлабоко тенџере на оган ставете го шеќерот, водата, медот и путерот да се растопат на среден оган. Смесата треба да врие додека не достигне 149 степени целзиусови, па затоа најдобро е да користите кујнски термометар. Доколку немате тоа се од прилика 15тина минути, но користејки го кујнскиот термометар избегнувате грешки, бидјеки многу лесно може да го изгорите карамелот или пак да не е доволно завриен, па да биде кашест и леплив...
3. Штом ја достигнете температурата, одстранете го тенџерето од оганот и додадете една супена лажица сода бикарбона со мешање. Карамелот треба да се претвори во пена.
4. Истурете ја пената врз пуканките и брзо измешајте со помош на дрвена лажица.
5. Истурете ги пуканките во поголем плех за печење обложен хартија за печење.
6. Наросете со сол на вкус и штом малку се подизлади раскршете ја кората од карамелизирани пуканки на помали парчиња...
7. Сервирајте
Многу е важно сите садови да Ви се однапред подготвени, како плехот за печење да биде обложен со хартија за печење и пуканките да ви се во поголемо тенџере или сад за готвење. Користете дрвени лажици за мешање.

Добар апетит!

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови