Шеќерот се загрева додека се карамелизира. Се додава исцедениот сок од портокал и на ниска температура се остава да крчка да се стопи карамелот, па се додека се згусти малку.

Бананите се сечат на тркалца и на многу малку масло се пржат од двете страни.
Откако ќе се испржат, се додава спремениот карамел, се меша половина минута, па се трга од рингла и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови