6
авг
2019
Канелони со спанаќ и тиквичка
Прво на зејтин го запржуваме исчистениот спанаќ. Потоа на коцки исечената тиквичка ја додаваме на спанаќот. Додаваме околу 100 милилитри вода и и малку сол и оставаме ова да се издинста додека не испари целата течност.
Откако ова ќе олади се додава изренданото сирење и 2 јајца изматени. Се заедно се меша. Со ова ги полниме канелоните, кои не треба да се варени.
Полнетите канелони ги редиме во подмачкан плех со зејтин. Врз нив ја полеваме павлаката за готвење, наросуваме со оригано и печеме на 200 степени додека да зарумени, а тое е околу 25 минути.