Овој рецепт е добитна комбинација – цевчиња канелони полнети со спанаќ и рикота, печени во богат сос од крем сирење и доматна пасата. Ајде да го направиме заедно!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 200 грама спанаќ
  • 600 грама рикота сирење или урда
  • 22 цевчиња канелони
  • 1 литар доматна пасата
  • 200 грама крем сирење
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Земете 200 грама миен спанаќ и ситно исечкајте го. Потоа измешајте го во длабок сад со 600 грама рикота сирење. Зачинете со сол и бибер.

Чекор 2: Сега е на ред забавниот дел. Можеби ќе треба да повикате некого напомош. Земете 22 цевчиња канелони и наполнете ги со филот од спанаќ и рикота. Изгледаат толку убаво кога зелено-белиот фил се надзира низ пастата.

Чекор 3: Стопете малку крем сирење во тава на среден оган и во тавата ставете ја и доматната пасата – измешајте за состојките да се спојат и рамномерно да се загреат, и спремни сме да го направиме јадењето.

Чекор 4: Ставете ги полнетите цевчиња во тавата – 11 цевчиња во два реда, вкупно 22.

Прелијте ги со богатиот кремест сос и одозгора нафрлете парченца спанаќ и рикота кои сигурно Ви останале на работната површина.

Чекор 5: Ставете ја тавата во рерна загреана на температура од 180 степени 30 минути.

Чекор 6: Извадете ја тавата и спремни сме за сервирање – 4 до 5 цевчиња по човек би требало да е доволно.

СОВЕТ: Ова јадење е исто така убаво и послужено студено наредниот ден. Од овој рецепт би требало да добиете 6 порции, а ако не успеете да најдете канелони, можете да земете листови лазања и да ги завиткате со филот во средина.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Ростер ; Касерола
Тава за пржењеРостерКасерола