Канелони со спанаќ
1. Обарениот спанаќ го цедиме и сецкаме, го ставаме во длабок сад, ја додаваме урдата и промешуваме. Ги додаваме солта, ориганото и јајцата. Промешуваме.
2. На дното од садот во кое ќе ги редиме канелоните го ставаме густото доматно пире, доматата и ориганото, промешуваме и подеднакво распределуваме на дното.
3. Канелоните ги полниме со подготвениот фил и ги редиме една до друга врз доматниот сос.
4. Вака наредените канелони ги прелеваме со неутралната павлака за готвење, да бидат целосно покриени.
5. Печеме во загреана рерна на 200 степени прекриени со фолија околу 45 минути, потоа ја вадиме фолијата печеме без неа уште 15 минути. Канелоните ги вадиме од рерна, врз нив го додаваме кашкавалот и ги враќаме да се потпечат уште 5 минути.
6. Послужуваме, наросуваме со рендан пармезан.
Јас оваа количина на канелони ја поделив во два сада, едниот мал во кој ставив само 8 канелони, а во другиот преостанатите. Во големиот сад, ставив на дното 4 лажици густо доматно пире, 6 лажици домата и половина лажиче оригано. Нив ги прелеав со 500 мл неутрална павлака за готвење. Останатата количина на состојки ја ставив во помалиот сад.
Лиценца: Сите права се задржани