7
фев
2012
Канелони со печурки
Канелоните се варат во голем сад додека не омекнат.Во меѓувреме,печурките се пржат на маслиново масло.После 15 мин пржење,се додава младиот кромид исецкан на ситни парчиња,се додава и вегетата,босилекот и на крај маслинките.Целата смеса се меша па се додава павлаката.Канелоните се полнат со смесата и се редат во тава премачкана со путер или масло.Се наросуваат рендан кашкавал,а врз кашкавалот се налива доматното пире.На крај се наросува пармезанот.Канелоните се печат на 200 С околу 25 мин.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови