Канелбуллар - шведски цимет ролнички
За викендов сосем случајно го испорабав рецептот, добив идеја од групи за готвење на фб, но на 04.10 бил и денот на цимет ролниците, па немаше подобар начин да им се оддаде почит на прекрасните кифлички кои се топат во устата!...Мојот рецепт за „Канелбуллар“ од прилика е вака
1. Путерот растопете го и додадете го во млакото кон топло млеко.
2. Во брашното помешајте ја солта, направете бунарче на средина, додадете го шеќерот, млекото и квасецот оставете некоја минута квасецот да почне да реагира. Замесете глатко тесто, додадете ги зачините (малку лепливо) и оставете да надојди за од прилика еден час.
3. За филот путерот затоплете го до собна температура и помешајте го жолтиот шеќер, циметот, карданомот (ако го имате) и ванилата, да се формира фина паста.
4. Развлечете голема кора од тестото и премачкајте ја со филот, па од двете страни надолжно, преколпете кон средината, да дојдат едната третинка од кората врз другата. Лесно приснете со оклагијата колку убаво да се слепат и сечете од прилика 5мм ленти по хоризонтала.
5. Секоја лента премотајте ја околку показалецот и средниот прст да добиете нешто налик на ружа.
6. Наредете ги во тава и оставете да стасуваат ролниците од прилика уште еден час, па премачкајте со едно разматено јајце со една лажица вода и посипете со бел кристал шеќер.
7. Печете во загреана рерна на 220 степени 15-18 минути...
Добар апетит и среќен ден на цимет ролниците !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови