Кадаиф со лешници, ореви и фстаци
По некое не пишано правило, ќе речам, во мојот крај кадаиф за Прочка... ))) Одличен десерт за љубителите на шербетлиско благо. Се користи тава со пречник бр.36, намрсена со путер. Кадаифот се дели на два дела. Се става првиот дел, при што се води сметка убаво да е одвоен кадаифот, да не е во пластови. Се попрскува со половина од растопениот путер. Се распоредува филот, рамномерно низ цела површина. Се става другиот дел од кадаифот, убаво разделен. Се притиска убаво со раце. Се попрскува со преостанатиот путер. Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени, 5 минути. За време од околу 1 час на 150 степени. Значи се пече тивко, додека не добие убава руменкасто златна боја. За тоа време се подготвува шербетот. Се става шекерот и водата да зовријат, штом зовријат се додава ванилата и лимоновиот сок. Се продолжува со варење на умерен оган од околу 10 минути. При полевањето и шербетот и кадаифот треба да бидат млаки. Се полева постепено со црпалка. На здравје.