Не знам за вас, ама јас обожавам ишлери. Единствено нешто што го купувам од продавница кога ми се јаде благо. Овие ишлери се ровки, се топат во уста, а ако сакате кексите да бидат бели не ставајте какао. Јас во пола тесто ставив во пола не и ги направив шарени.

Се мати маргаринот со жолчките и шеќерот во прав. Откако убаво ќе се измати се додава брашното и какаото и се меси мазно тесто. Се витка во фолија и се става во фрижидер са стои 30мин. Потоа се сучи кора и се вадат кругови со калап и се редат во намрсен плех. Се печат на 180 степени околу 10мин.
Фил
Се става слатката павлака на оган да се стопли (кога ке почне да врие се трга на страна) На страна се сецка ситно чоколадото и се додава статката павлака во него. Не се меша туку се остава да стои 5-10мин, а потоа со помош на маталка убаво се меша смесата да се изедначи филот. Се остава филот да се излади убаво 1-2 часа. Со помош на шприц со тркалезен отвор се филоваат кексите и се лепат по две. Чоколадото се топи на пареа и секое од ишлерите се чоколадира само едниот дел.
Одлични!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови