Ичли ќовте - полнети ќофтиња од Турската кујна - İçli Köfte Tarifi
Вкусен ручек од Турската кујна е денешниот предлог
Користена е чаша од 200 мл
Прво земаме еден сад и го ставаме булгурот.
Го налеваме со вода, убаво промешуваме и го оставаме на страна покриен со капак.
За тоа време го подготвуваме полнењето
На загреано масло го запржуваме кромидчето да застакли.
Потоа го додаваме меленото месо, зачините, пирето од домат и убаво го пржиме да испари течноста.
Сега со вилушка го размешуваме набабрениот булгур.
Тука додаваме сол, бибер, доматно пире, јајце, пасиран компир и брашно.
Сега месиме со рака и тоа убаво, можеби околу 5,6 минути
Ако има потреба додаваме по некоја капка вода, за да добиеме смеса како тесто.
Сега така формираната смеса ја делиме на топчиња, малку поголемки од големината на јајце.
Во еден сад ставаме 1-2 лажици масло.
Малку рацете ги намастуваме.
Правиме прво топче, а потоа од едната страна правиме како дупче.
Тука ставаме 1-2 лажички фил.
Го затвораме дупчето со прстите и топчето го формираме како вретено.
Постапката е иста со целиот материјал.
Ги пржиме во загреано масло на умерен оган да заруменат.
Испржени ги редиме на хартиени салфети
Сервираме со сезонска салата
На здравје оваа несекојдневна убавина
Лиценца: Сите права се задржани