Овој колач односно леб со квасец натопен во алкохол, потекнува од градот Наполи . Бев малку скептична околу вкусот, ама откако го приготвив веќе не сум скептична. Ароматичен, мек како душа, вкусен.

1. Пред да почнеме со подготовката ги мешаме заедно брашното со сувиот квасец.
2. Јајцата ги кршиме и додаваме 4 лажици топла вода и матиме со миксер. Откако пенасто се изматени јајцата, го додаваме и шеќерот и солта и продолжуваме со матењето. Сега додаваме лажица по лажица од брашното со квасецот (половина) и продолжуваме да матиме со миксер. Го додаваме и путерот и продолжуваме да матиме.
3. Го тргаме миксерот на страна и го додаваме останатото брашно со квасецот и мешаме со лажица. Тестото го оставаме покриено да стасува 30 минути.
4. После 30 минути смесата ја префрламе во куглов, покриваме со стреч-фолија и оставаме да стасува 90 минути.
5. Колачот се пече во загреана рерна 30 минути на 180 степени.

За преливот:
1. Во сад на оган ставаме 300 грама шеќер со 600 милилитри вода и загреваме додека потполно да се стопи шеќерот. Тргаме од оган и го додаваме румот и аромата од рум.
2. Печениот и изладен колач го дупчиме со дрвце (за ражничи) на повеќе места и додаваме од преливот лажица по лажица. Волуменот на колачот се зголемува со додавање на преливот. Се остава неколку часови да упие убаво.
3. По желба се декорира и може да се служи.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови