Навистина освежителна торта.

Растопете го путерот и оставете да се излади.
Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот.
70гр растопен путер ставете го во смесата со жолчите. Изматете.
Постепено додавајте и млекото и матете.
Брашното заедно со прашокот за печиво додадете ги во смесата. Убаво измешајте.
Во меѓувреме исечете ги на тенки парчиња јаболката во форма исто како кога сечете лимон. Смесата истурете ја врз калап за печење (21см) и одозгора наредете ги јаболката. (што повеќе ставете јаболка тоа повкусен колач)
Одозгора налејте со 30гр растопен путер и една лаж шеќер.
Печете во загреана рерна 30-35 мин на 180 или зависи од рерната.
Наросете со шеќер во прав

Забелешка
Може и внатре во смесата да ставете по некое парче јаболко уште пред да ја истурете во калапот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови