Интегрални шпагети со печурки и зеленчук
Тестенини во сите варијанти обожувам. Секогаш ги правам различно, во зависност од тоа што имам во фрижидерот. До сега никој не се пожалил. Овој пат решив да ги запишам.
Станува збор за вегетаријански тестенини кои доколку ги сакате во посна варијанта подгответе го сосот со масло. Лесно, брзо и вкусно.
Се сецкаат кромидот, печурките, бамјите и лукот. На тивок оган се пропржува кромидот на путер (масло). Потоа се додаваат печурките. Откако ќе бидат пропржени се додава тиквицата. Јас тука додавам малку сол за побрзо да ја извлече водата од тиквицата и истата биде побрзо дехидрирана. Потоа малку се пропржуваат и бамјите. Се додава доматното пире, се додава солта и шеќерот, и се динста додека не згусне. При крај се додава лукот и свежиот босилек.
Во меѓувреме се варат тестенините со малку маслиново масло и морска сол, и се полеваат со сосот.
Летно време сосот обавезно го правам со свежи домати. За оваа количина ставам 1 кило домати. Знам да додадам и 2-3 сирови пиперки, 1-2 рендани моркови. Ваков тип на сос одговара и во комбинација со павлака за готвење. За оваа количина додавам 250 милилитри павлака за готвење. Може и невегетаријанска варијанта со мелено месо како замена за печурките. Во тој случај додавам 300 грама мелено месо. Значи комбинацијата е препуштена на Вашите фантазија и вкус.
Оди одлично со чаша бело вино (црвено вино за невегетаријанската варијанта).
Бон апети!
Лиценца: Сите права се задржани