23
апр
2015
Интегрални макарони со печурки и спанаќ
Ставете ги макароните да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете масло и додајте ги печурките.
Пржете додека испари водата која ја пуштаат, па додајте го исцепканиот спанаќ и сецканото лукче.
Откако спанаќот ќе омекне додајте ја доматната салса и малку сол.
На крај додајте ги сварените макарони, измешајте и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани