![Интегрални крекери со сусам](https://moirecepti.mk/content/uploads/2019/08/67745412_399352120714496_6628116362956898304_n-f50ae4-600x800.jpg)
30
авг
2019
Интегрални крекери со сусам
Солени, вкусни, ароматични крекери кои се подготвуваат за миг.
Рерната загрејте ја на 200 степени, а плехот обложете го со хартија за печење.
Од сите состојки се замесува тврдо тесто.
На набрашнета подлога развлечете го тестото во кора од прилика со дебелина од 5 мм.
Исечете облици какви сакате-правоаголни како моите или со модла по ваш избор.
Крекерите се печат околу 15 минути.
Добар апетит!