Интегрална пита од бајат леб
Сигурно многу од нас на овој или сличен начин знаат да го употребат заостанатиот леб по дома.
Ова и не е некој рецепт, повеќе е како идеја, но нека стои тука, може на некого ќе му се најде.
Подготовка:
1. Во тава на оган ставете малку маслиново масло и додајте го сецканиот праз. Пропржете кратко и оставете да се олади.
2. Во сад изматете ги јајцата. Додајте го јогуртот и пак измешајте со жица за матење. Додајте го празот и малку сол. Измешајте и потоа постепено додавајте го лебот исечен на мали коцки. Лебот не го мерам, додавам онолку колку ќе впие смесата.
3. Истурете ја смесата во нелеплив калап (јас ја користев малата ростер тава на Делимано). Израмнете ја убаво и посипете со сусам. Печете на 200 степени, додека убаво зарумени.
По желба може да си додадете сирење или пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани