Испечати

Интегрална пита од бајат леб

Интегрална пита од бајат леб

Состојки

  • 4 јајца
  • 300гр. цврст јогурт
  • 1 помл страк праз
  • по потреба домашен интегрален бајат леб
  • по потреба сол, маслиново масло, сусам

Подготовка

Сигурно многу од нас на овој или сличен начин знаат да го употребат заостанатиот леб по дома.
Ова и не е некој рецепт, повеќе е како идеја, но нека стои тука, може на некого ќе му се најде.

Подготовка:

1. Во тава на оган ставете малку маслиново масло и додајте го сецканиот праз. Пропржете кратко и оставете да се олади.

2. Во сад изматете ги јајцата. Додајте го јогуртот и пак измешајте со жица за матење. Додајте го празот и малку сол. Измешајте и потоа постепено додавајте го лебот исечен на мали коцки. Лебот не го мерам, додавам онолку колку ќе впие смесата.

3. Истурете ја смесата во нелеплив калап (јас ја користев малата ростер тава на Делимано). Израмнете ја убаво и посипете со сусам. Печете на 200 степени, додека убаво зарумени.

По желба може да си додадете сирење или пармезан.