Инстант панакота пудинг десерт во чаша
Едноставен, а превкусен десерт кој е радост за целото семејство.
Прво подгответе го пудингот според упатството. На крај додадете го чоколадото да се растопи. Јас користев млечно чоколадо.
Веднаш потоа пригответе ја панакотата според упатството, се мати слатката павлака, млекото и прашакот точно 1 минута. Внимавајте дека колку повеќе стои, толку повеќе се згуснува. Истото важи и за пудингот кој се згрутчува и фаќа кора, значи мора набрзина да ги направите.
Земете 4 чаши за сладолед и почнете со редење прво кршени бисквити, попрскајте 1 лажица сок од портокал, па пудинг, па панакота, па повторно кршени бисквити, па сок, па пудинг и горе панакота колку за декорација. Оставете убаво да се изладат во фрижидер па консумирајте од прекрасниот десерт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови