28
јан
2015
Зимска супа
Во сад на оган, во маслиново масло се пропржува ситно сецканиот праз.
Се додава и компирот кој го исецкавме на коцки.
Постепено го додаваме зеленчукот и кога се е добро запржено,додаваме брашно.
Го додаваме и оризот.
Зачинуваме и додаваме вода да го покриеме зеленчукот.
Оставаме да се вари на тивко.
Кога е варен зеленчукот супата е готова. Додадете си вода онолку колку што сакате да биде густа супата.Пет минути пред да ја тргнете супата од оган, додадете го ситно сецканиот магдонос.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Nadce supata odlicno izgleda:)