Зелчиња (тесто за еклери)
Ова е тесто за еклери, само на поинаков начин.
Можат да се полнат со фил по желба, да се направат како еклери или да се наросат со чоколадни капки наместо шеќер, на сите начини се превкусни.
Најпрво се става водата, путерот, шеќерот и солта во тенџере на оган.
Кога ќе почне да врие се трга од оган и се сипува брашното одеднаш.
Се меша со дрвена лажица додека не се изгубат грутчињата.
Се врака на оган и се меша се додека тестото не се одлепува од дното и се формира топче.
Се трга и остава да олади некоја минута.
Се стават јајцата едно по едно, значи додека не го впие тестото не се става друго.
Се редат со мало лажиче на тепсија претходно подмачкана со путер или покриена со мрсна хатија за готвење.
Се наросуваат со шеќер во гранули.
Се печат во загреана фурна на 180 степени околу 20-30 минути. Не се отвара фурната додека се печат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови