Решив малку да експериментирам со ваква варијанта на мафини и испаднаа навистина вкусни, а и многу се лесни.
Се матат со жица за матење јајцето, маслото и јогуртот, па се додаваат сувите состојки, заедно со зеленчукот. Јас искористив морков, грашок, пченка и добив баш убави бои во мафинчето.
Сместата се става со плехче за мафини премачкано со масло и обложено со хартиени кошнички. Се пече 20-тина минути на 180 степени.

Може одозгора да се стави кашкавал и сусам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови