Превкусни, сезонски плескавици е денешниот предлог

Во вангличка ги ставаме сецканата рукола, сецканиот спанаќ, пиперка, сецканото младо кромидче, ренданото тикве и компир, сецканата сланина, јајцето, брашното, пецивото и зачините.
Соединуваме се убаво.
Во тава загреваме масло на умерен оган и со помош на лажица земаме од смесата и пржиме плескавици.
Нека заруменат од двете страни, па ги редиме на хартиени салфети.
Сервираме.

Во план ми беше да додадам и рендано сирење...ама заборавив
Вкусни беа и без него.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани