Особено во пости добивам инспирација да направам некои јадења кои не сум ги искомбинирала до сега, па така излезе и рецептот за оваа зеленчукова вкусна тава.

Подготовка
1. Тиквичката и тиквата ги лупиме и сечкаме на коцки, ги ставаме во тавата во која ќе го печеме јадењето.
2. На масло во тава го ставаме морковот и празот сечкани на кругови да се упржат. 3. По омекнувањето ги додаваме печурките сечкани на листови. И нив ги упржуваме кратко, па го додаваме измиениот ориз.
4. Промешуваме, кратко ја запржуваме смесата, додаваме зачини и ја распоредуваме врз тиквичките.
5. Налеваме вода да ни се покрие целата смеса.
6. Печеме на 200 степени додека да се свари оризот.

Забелешка
Бидејки тиквата е слатка би требало малку повеќе сол во јадењето да ставите од вообичаеното. Ама пак сол се достава, а не се вади, така да внимавајте сепак со солта.
Печењето може да го започнете и со капак над тавата, така направив јас, околу 10 минути ја ставив со капак во загреана рерна и потоа го тргнав капакот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани