14
авг
2015
Зебра палачинки
Еве уште еден рецепт интересен и декоративен за дечињата.
Изматете ги јајцата, додајте им сол, шеќер и млеко. Додајте брашно и матете се додека не ги стопите грутките кои се прават во тестото.Треба да добиете многу густа смеса за палачинки. Се додава киселата вода и се промешува.
Оставете ја смесата да отстои 20-тина минути. Се одвојува 100мл од смесата и се става какао. Се меша и се става во шише за вода со мал отвор. Се става еден кутлач од тестото и се пржи палачинката, веднаш се става шара од кафеавото тесто и се печи од двете страни. Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани