Здрави проја мафини - Натурa
Овие проички се навистина здрави, а воедно меки
како душа и доста вкусни.
Најпрво се матат јајцата со миксер, потоа се додава
јогуртот, солта, пецивото и зејтинот. Потоа се додава
брашното постепено мешајќи со лажица. Се додава
палента, овесни трици, меленото ленено семе. Убаво
се избрка се`, да се добие убава хомогена смеса.
Тестото треба да биде малку погусто од тоа за
тостерки. Па затоа, ако смесата е премногу густа,
може да додадете и малку повеќе кисела вода.
И на крај се додаваат сечканите црвени пиперки,
сирењето насечкано на ситни коцки и насечкан
магданос.
Сè убаво се измеша и со тоа смесата за проја мафини е готова. Вака подготвената смеса
ја оставив да отстои 15-20 минути.
За тоа време ги подмачкав калапите за мафини со маргарин.
Од смесата се става по 2 лажици во секоја модла и се посипуваат со микс од семиња од
Натура. Мене од оваа смеса ми испаднаа 24 проја мафинки.
Се печат 20 минути во рерна на 200 степени.