25
мар
2020
Колач со банани, брусница, бадеми и мак (афион)
Најпрво ја загреваме рерната на околу 200 степени.
Бананите и јајцата ги блендираме, ама доколку немате блендер можете и со вилушка. Потоа ги додаваме во сад и ги додаваме сите други состојки. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса.
Вака добиената смеса ја ставаме во куглов и печеме околу 30-40 минути. Нормално со чепкалка може да проверите дали готова.
Исто така наместо брусница, може да ставите какво имате суво овошје, секако вкусот ќе биде преубав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови