Испечати

Колач со банани, брусница, бадеми и мак (афион)

Колач со банани, брусница, бадеми и мак (афион)

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 зрели банани
  • 5 лажици мак
  • 5-6 лажици овесно брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1/2 шолја брусница сува
  • една рака сецкани бадеми
  • 1 кафено лажиче екстракт од ванила

Подготовка

Најпрво ја загреваме рерната на околу 200 степени.
Бананите и јајцата ги блендираме, ама доколку немате блендер можете и со вилушка. Потоа ги додаваме во сад и ги додаваме сите други состојки. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса.
Вака добиената смеса ја ставаме во куглов и печеме околу 30-40 минути. Нормално со чепкалка може да проверите дали готова.
Исто така наместо брусница, може да ставите какво имате суво овошје, секако вкусот ќе биде преубав.