16
јан
2019
Ролат во обланда, со сува брусница и бадеми
Предлог за декоративен и вкусен ролат, без печење.
Прво листот обланда го ставаме меѓу две чисти, влажни крпи да омекни.
Во касерола на тивок оган ги ставме млекото, шеќерот, чоколадото, какаото, путерот да се соединат.
Нека провријат една минута.
Тргаме од оган малку смесата да се излади.
Потоа ги додаваме фстаците, бадемите, брусницата, бисквитите.
Убаво соединуваме.
Ја нанесуваме смесата врз обландата и убаво израмнуваме.
Виткаме ролат.
Го оставаме на ладно да се стегни, па сечеме парчиња и послужуваме.