Заљубени палачинки
1. Прво во вангличка ги ставаме состојките за палачинките. Смесата ја соединуваме убаво, да биде мазна и без грутчиња. Ја оставаме да одмори 15 минути, додека го подготвуваме полнењето
2. Во тенџере ги ставаме капините и сокот кој го пуштиле при одмрзнување. Додаваме шеќер и зачини по сопствен вкус, ванила, цимет... Вариме на тивко 10 минути.
3. Палачинките ги пржиме на стандарден начин Потоа земаме една палачинка, ја ставаме во модличката, по желба прво ставаме лажиче Еурокрем, па сос од капини. Краевите ги внесуваме навнатре. Значи формираме пакетче, срце.
4. Вака подготвени срценцата ги сервираме на чинија.
Во сад ги ставаме прашокот за крем и млекото.
Матиме со миксер. Смесата ја ставаме во шприц и ги декорираме срценцата.
Сервираме и уживаме во убавиот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
Uzivav vo sekoe zalace
Prevkusni bea
Поззз