Рецептов е посебно за вљубениците во Текс-Мекс кујната, а и за оние кои сакаат добро маринирано месо. Се што ви треба за подготовка сигурно веќе го имате во вашата кујна, посебно ако сте вљубеник во зачините.

Сите состојки промешајте ги и ставете ги во мала тегличка која добро ќе ја затворите.

Се што ќе ви треба потоа за маринирање на месото е маслиново масло и свеж кромид. Мешавината од зачини и кромидот исечкан на тенки месечинки ги додавате во маслото, го прелевате месото и оставате неколку часа да отстои во маринадата. Вишокот на маринада го отстранувате (цедите) и месото заедно со кромидот го пржите.

Од оваа количина на состојки излегува околу 3 лажици мешавина на зачини. 1 лажичка од мешавината се меша со околу 60 мл маслиново масло и доволно е за околу 500-700 гр месо, но сепак вие дозирајте по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани