Зачинска мешавина за фахита
Состојки
- 1 лажица пченкарен скроб
- 2 лажички чили
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка црвен пипер (благ)
- 1 лажичка кафен шеќер
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1/2 лажичка кајенски пипер
- 1/2 лажичка кумин
- 1/2 лажичка цимет
- 1/4 лажичка црн бибер
Подготовка
Рецептов е посебно за вљубениците во Текс-Мекс кујната а и за оние кои сакаат добро маринирано месо. Се што ви треба за подготовка сигурно веќе го имате во вашата кујна, посебно ако сте вљубеник во зачините.
Сите состојки промешајте ги и ставете ги во мала тегличка која добро ќе ја затворите.
Се што ќе ви треба потоа за маринирање на месото е маслиново масло и свеж кромид. Мешавината од зачини и кромидот исечкан на тенки месечинки ги додавате во маслото, го прелевате месото и оставате неколку часа да отстои во маринадата. Вишокот на маринада го отстранувате (цедите) и месото заедно со кромидот го пржите.
Од оваа количина на состојки излегува околу 3 лажици мешавина на зачини. 1 лажица од мешавината се меша со околу 60 мл маслиново масло и доволно е за околу 500-700 гр месо, но сепак вие дозирајте по вкус.