
15
мар
2014
Посна зачинета палента како прилог
Прво во тенџере на оган се ставаат водата, солта и маргаринот да се соединат.
Се додаваат палентата и зачините.
Се меша на тивко се додека не испари течноста, односно додека не се свари палентата.
Топла се истура во силиконски калапи и се остава да се излади.
Се вади од калапите и се сервира.
Јас користев зачини по моја желба. Вие може да ги промените.
Напомена- размерот треба да биде еден спрема три.
Значи една мерица палента, а три мерици вода
Лиценца: Сите права се задржани