Посна зачинета палента како прилог
Состојки
- 100 гр палента( 1 среден филџан)
- 300 мл вода( 3 средни филџани)
- 1/4 лажиче сол
- 30 гр маргарин
- зачини - оригано, ленено семе, семе од коприва..
- силиконски калапи
Подготовка
Прво во тенџере на оган се ставаат водата, солта и маргаринот да се соединат.
Се додаваат палентата и зачините.
Се меша на тивко се додека не испари течноста, односно додека не се свари палентата.
Топла се истура во силиконски калапи и се остава да се излади.
Се вади од калапите и се сервира.
Јас користев зачини по моја желба. Вие може да ги промените.
Напомена- размерот треба да биде еден спрема три.
Значи една мерица палента, а три мерици вода