Запржени шампињони во павлака
Во неколку прилики имам кажано дека печурките ги трошиме повеќе од леб.
Имаме многу рецепти за нив.
Еве една салата од пржена печурка со лимон и лукче, помешана во павлака.
Шампињоните ги чистам со ноже.
Ги делам капчињата од стебленцето ако се долги. Ги запржувам немиени во тава со малку масло.
Ги пржам не повеќе од 10 минути на средна температура.
Ги зачинувам со сол и црн бибер.
Им рендам кора од лимон и им додавам пасирано лукче.
Ги тргам од топлата плоча па оставам да изладат.
Кога се ладни ги помешувам со кисела павлака.
Кога ги приготвувам за децата, не ставам многу магдонос и лук бидејки не сакаат.
Но вие можете да си ставите по вкус.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови