30
ное
2022
Фусили во сос од свежи шампињони, павлака за готвење и уште нешто
Подготовка:
1. На загреано масло го ставаме да се пржи ситно сецканото чадено месо. Од кога ќе пушти арома ги додаваме шампињоните исечени на танки листови. Пржиме да заруменат. Зачинуваме. Додаваме ситно сецкана пиперка, сецкани маслинки, сецкани зденки, излупен и ситно сецкан црвен домат. Соединуваме и пржиме 2,3 минути. Додаваме павлака за готвење и оставаме на тивок оган да крчка.
2. Во меѓувреме ја вариме тестенината според упатството. Ја процедуваме и ја додаваме кај подготвениот сос. Готвиме се заедно уште 1 минута. Наросуваме пармезан и послужуваме топло јадење.
Лиценца: Сите права се задржани