Посна и многу вкусна погача направена за нашата куќна слава. Најпрво квасецот го зафаќаме со малку брашно и млака вода и го оставаме да надојди. Кога ќе надојди го ставаме во длабок сад и ги ставаме сите други состојки(освен маргаринот). Водата ја турваме постепено и месиме се додека не добиеме меко тесто.Тестото измесено го оставаме да надојди и потоа го делиме на три дела.
Секој дел го премачкуваме со маргарин и корите ги редиме една врз друга.
Третата кора не ја мачкаме со маргарин.Така наредените кори пак малку ги сучиме со сукалото и добиената кора ја сечиме на ленти, но едниот крај го оставаме незасечен. Од левиот незасечен дел почнуваме да виткаме ролна и потоа ја виткаме во круг.Погачата ја ставаме во намрсен калап(јас ја печев во тенџере бидејки сакав да биди повисока) и ја оставаме пак да надојди. Пред да ја печиме ставаме неколку парчиња маргарин горе над погачата и сусам. Печиме прво на 220 степени 10 минути,и потоа на 180 степени уште 25 минути.Кога ќе се испечи попрскајте ја со малку вода и покријте ја со крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови