Овој тип на печен компир, го носи ова име, баш заради тоа што додека се печи мириса прекрасно, па веднаш по печењето ќе посакате да го пробате уште додека е жежок. Вкусно мезе, може да се служи и топло (жешко) и изладено.

1.Најпрво компирите се лупат, мијат и се сечат на кришки. Се ставаат во тава за печење, се посолуваат, им се додава зачинот за компир (доколку немате - малку црвен пипер, мелен црн бибер, мешан сув зачин), се попрскуваат со масло за јадење, убаво се мешаат, па им се налева 100мл вода. Плехот се покрива со алуминиумска фолија и се оставаат да се печат на 200степени околу половина час.

2. За бешамел сосот, најпрво на тава за пржење со става путерот да се растопи и загрее. На загреаниот путер се додаваат печурките да се запржат и откако ќе им испари водата се додава и сечканиот кулен. Откако ќе се запржат се додава брашното во тавата и се остава и брашното малку да се пржи.
Со помош на маталка, млекото, павлаката и водата се мешаат убаво. Оваа течност се додава во тавата за пржење. Во тавата се додава и дробеното сирење, па се остава сосот да почне да врие и да се згуснува. Во сосот исто така се додава мелен црн бибер и малку лук во прав.
Компирите се вадат од рерна им се отстранува фолијата и со помош на црпалка, се зима од сосот и се налева врз компирите. Убаво се распоредува на сите страни и повторно тавата се враќа во рерна. Прво, половина час компирите заедно со сосот се допечуваат на 200степени, а потоа уште половина час на 150степени. Готови се кога ќе заруменат и ќе им испари течноста.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови