Жиш компир
Состојки
- 1кг. компир
- зачини за компирот- сол по вкус, зачин за компир, масло за јадење, 100мл вода
- за бешамел сосот
- 20гр путер
- 300мл млеко со висока масленост
- 200мл. павлака
- 200мл. вода
- 100гр кулен
- 100гр. сирење
- 300гр. маринирани печурки
- 3 мали лажици брашно
- зачини- лук во прав и мелен црн бибер
Подготовка
Овој тип на печен компир, го носи ова име, баш заради тоа што додека се печи мириса прекрасно, па веднаш по печењето ќе посакате да го пробате уште додека е жежок. Вкусно мезе, може да се служи и топло (жешко) и изладено.
1.Најпрво компирите се лупат, мијат и се сечат на кришки. Се ставаат во тава за печење, се посолуваат, им се додава зачинот за компир (доколку немате - малку црвен пипер, мелен црн бибер, мешан сув зачин), се попрскуваат со масло за јадење, убаво се мешаат, па им се налева 100мл вода. Плехот се покрива со алуминиумска фолија и се оставаат да се печат на 200степени околу половина час.
2. За бешамел сосот, најпрво на тава за пржење со става путерот да се растопи и загрее. На загреаниот путер се додаваат печурките да се запржат и откако ќе им испари водата се додава и сечканиот кулен. Откако ќе се запржат се додава брашното во тавата и се остава и брашното малку да се пржи.
Со помош на маталка, млекото, павлаката и водата се мешаат убаво. Оваа течност се додава во тавата за пржење. Во тавата се додава и дробеното сирење, па се остава сосот да почне да врие и да се згуснува. Во сосот исто така се додава мелен црн бибер и малку лук во прав.
Компирите се вадат од рерна им се отстранува фолијата и со помош на црпалка, се зима од сосот и се налева врз компирите. Убаво се распоредува на сите страни и повторно тавата се враќа во рерна. Прво, половина час компирите заедно со сосот се допечуваат на 200степени, а потоа уште половина час на 150степени. Готови се кога ќе заруменат и ќе им испари течноста.
На здравје!