Еурокрем коцки
Едноставен, сочен и кремаст колач, кој бргу се приготвува. Топло ви го препорачувам.
1. Во еден подлабок сад матиме јајца со 3 лажици шеќер до пенаста смеса. Се додава млекото, зејтинот, пак кратко матиме , па ги додаваме брашното, какаото, лешниците и пецивото (сувите состојки претходно заедно се мешаат). Се меша со дрвена лажица и смесата се истура во подмачкан плех (25 на 30 сантиметри). Пандишпанот се пече околу 20 минути на 180 степени.
2. Откако ќе се испече пандишпанот, се прелива со 200 милитри чоколадно млеко. Значи пандишпанот топол, млекото ладно. Млекото ќе се упие за кратко време.
3. 3 пудинзи со 6 лажици шеќер се мешаат со 150 милилитри млеко. Останатото млеко 850 милилитри се става на оган. Кога ќе зоврие му се додаваат пудинзите и се меша до згуснување. Кремот го префрламе во друг сад и го покриваме со стреч фолија за да олади сосема. Мој предлог ви е прво да го приготвите пудингот и да го оставите да се лади, а потоа да го правите пандишпанот.
4. Хоплата ја матиме со миксер. Ја делима на половина. Пудингот го делиме на 2 дела. Во едниот дел додаваме четвртина изматена хопла и 200 грама чоколаден еурокрем. Во другата половина пудинг додаваме четвртина изматена хопла и 200 грама бел еурокрем. Ги матиме и двата фила со миксер.
5. Врз пандишпанот ставаме бел фил, па чоколадниот фил, одозгора половината изматената хопла. Се става малку во фрижидер да одстои барем 2 часа. Пред служење поросуваме со толчени лешници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови