Секое време си има своја убавина. И есента исто така. Таа ни ги носи, јаболките,циметот, дуњите,тиквите. Ајде да спремиме нешто слатко.

Подготовка:

1. Јаболката се сецка на коцки и се запржува, да омекне.
2. Во чашката мешајте ред јогурт, ред гранола, ред мед, па јаболка. Зачинете со цимет и пак продолжете си така. На крај јас додадов и брусница. Превкусно и преубаво. Декорирајте по ваша желба.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови