9
дек
2019
Есенска пита со јаболки и тиква
Во просеаното брашно ставете квасец, шеќер, маргарин и со додавање топла вода замесете тесто.
Оставете го половина час да стаса.
Стасано тесто ставете во тепсија и со рака расподелете го по тепсија.
Оревите измелете ги, додајте шеќер и кора од портокал, ставете врз тестото.
Тиквата и јаболката исечете ги на тенки листови и редете врз оревите, ред јаболка, ред тиква. Врз јаболката и тиквата ставете шеќер и цимет.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Готовиот колач наросете со го шеќер во прав.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани