На почеток на овој преубав колач, да напоменам дека мерката чаша е 200 гр.

Вклучете ја рерната додека спремате. Нека биде вклучена на 200 степени.

Преку сито просејте го острото бршно.
Додајте го пецивото и промешајте ја сместа.
Додајте го шеќерот и какаото.
Маслото и водата промешајте ги во смесата,па додајте го мармаладот од јагоди.
Мешајте со лажица убаво да се соединат состојките.
Тавата премачкајте ја со масло па наросете брашно.
Смесата префрлете ја во тавата.
Ставете да се пече во вжештената рерна околу 20 минути.
Откако е печен колачот,оставете да одмори на ладно околу 15минути,па полејте го со глазура.

Забелешка

Ако користите готова глазура, само стоплете ја во микро да се пушти.
Ако пак сакате сами да ја подготвите тогаш можете да ја правите по ваш вкус. На пример чоколадо во прав или какао разматено со путер, вода и шеќер.
Еве и една глазура за пример.
2 чоколади
250 гр путер
5 лажици вода
Откако ќе се полее со глазурата, оставете нека се олади колачот.
Полека со остар нож оформете коцки,па служете ладничко.
На здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови