Водата и зејтинот се ставаат да зовријат. Во зовриената смеса се додава брашното и се пржи 1 минута, па се трга убаво да се излади. Кон оладената смеса се додаваат едно по едно јајцата и се меша постојано.
При додавањето на секое јајце се става по малку пециво и се меша убаво додека се спои. Јајца се додаваат во зависност од големината на филџанот. Не штедете на јајца, туку додавајте се додека смесата не стане мазна.
На плех со хартија со лажиче се ставаат еклери на поголемо растојание и се печат околу 15-20 минути на 225 степени. Рерната никако не ја отварајте додека се печат.

Фил
Маргаринот се топи и во него се истура еден филџан брашно. Брашното се пржи 5 минути, а потоа се налева со млекото. Во млекото се додава и шеќерот. Од ладното млеко се двои околу 150мл и се меша со изматените јајца и ванилата. Јајцата се додаваат кон млекото пред да зоврие и се вари додека згусне.
Се остава филот да се олади, а исто и еклерите. Се засекуваат веќе оладените еклери и се полнат со ладниот фил.
Одозгора може да се декорираат со растопена чоколада или да се наросат со шеќер во прав.
Овој рецепт е еден од постарите за еклери каде место пудинг се користи пржено брашно и има поспецифичен вкус,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела