Еклери (принцези)
Најпрво го правиме кремот зошто треба ладење па потоа филување на принцезите.
1. Во сад се става млекото (се одзема 100мл) за да се измеша пудингот, брашнотот и ванилата. Се вари пудингот со млекото и додека е жешко се додава путерот. Се остава да олади.
2. Кога ќе олади се додава 100мл матена хопла и се добива многу вкусен нежен крем.
3. Во сад се става водата и маслото да зоврие. Се трга од рингла и се додава брашното и пецивото.Се меша убаво да нема грутки.Се лади.кога ќе е оладено тестото се додаваат 1 по 1 јајце и се мати со миксер. Се добива хомогено тесто кое убаво се обликуваат со шприц.
4. Се пече на 180С-25мин. Се ладат се сечат на половина и се филуваат. Крем па матена хопла(оние +) но и немора има многу фил да се наполнат принцезите.Се затвораат со капачките тесто. Може да се прават големи јас ги правев средни кон мали. Се наросуваат со прав шеќер.
На здравје!!!!
Лиценца: Сите права се задржани