Мислам дека нема дом во кој не се направени палачинки... Ова е основен рецепт за подготовка на палачинки...

Подготовка
1. Сите состојки ставете ги во еден сад, можете прво влажните да ги соедините па да ги додадете сувите.
2. Изматете ја смесата со миксер. Оставете ги половина час да отстојат, ама и не мора. Густината треба да им биде како каша.
Тестото за палачинки ќе знаете дали е успешно откако ќе ја испечете првата палачинка =)
3. Намрсете го тавчето кое е пожелно да биде со нелеплива облога, со путер или масло.
4. Истурете од тестото распоредете ја смесата со вртење на тавчето до крајот на ѕидовите од тавчето и печете ги. Прво од едната страна па од другата.
5. На секоја палачинка мачкаме чоколаден крем, џем од малини и 1/4 банана. Ги виткаме прво од страните па во ролат или како пакетче.
6. Ги декорираме по желба и вкус, ние со шлаг и џем од малини.

Забелешка
Тестото може да го направите само со вода, ама внимавајте на густината на смесата која исто така зависи и од брашното што го користите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани