Се матат добро 3 јајца во подлабока чинија со лажица (обична или лажица за мешање).
Се додава 1/2 кгр. брашно со пецивото и солта и заедно со јајцата се промешуваат добро.
Потоа се додава по малку млеко додека не се потроши половина литар и маслото.
Се меша добро додека смесата не се изедначи.
Смесата треба да има густина како јогурт. Да не биде многу густа, но и премногу ретка.

Пржење на палачинките

Во тавче се става малку масло додека добро не се загрее. Со салфета намастете со масло на тавчето по секоја палачинка. На тој начин избегнувате да се лепат палачинките.
Во загреано масло се додава по една голема супена лажица од предходно подготвената смеса, најдобро е со кутлача.
Се разлева веднаш во тавчето за да бидат палачинките што потенки.
Штом ќе се испржи едната страна палачинката се превртува и се пржи и од другата страна. Се сервира по вкус. Јас овој пат ги направив со мармалад.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови