Едноставна чорба со леќа
За сите љубители на брзи едноставни јадења еве една лесна чорба со леќа.
Подготовка
Во тенџере ја ставаме леќата, сецканиот компир, младото кромидче, ситно сецканата пушена свинска плешка и морковот.
Морковот јас го ставам цел на крајот кога ќе се сварат состојки го пасирам и повторно го враќам во тенџерето.
Пред да ги ставиме да се варат на тивок огин налеваме околу 1200мл вода. Леќата и сите состојки се варат брзо околу половина час.
Во посебна тава го запржуваме брашното додаваме зејтин и на крај црвен пипер сипуваме во тенџерето со чорба и ја запржуваме. Во чорбата додаваме мешан зачин, бибер, буковец и на крај свеж магданос.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани